Хакинен: Перез не е доволно константен за титула

Двократниот Формула 1 шампион, финецот Мика Хакинен, изјави дека новиот болид на Ред Бул му одговара на Серхио Перез, но сепак перформансите на мексиканецот не се константни и тој не може да го предизвика колегата Макс Верстапен за титулата. 

Перез се подобри оваа сезона и во моментов е на втора позиција со заостанување од 46 поени зад својот колега, а во исто време има 3 поени рпедност пред Шарл Леклер од Ферари. 

Не мислам дека Макс е број 1 возач. Порано беше така бидејќи Макс вадеше максимум од болидот, но сега е различно.

Се променија правилата и Перез се навикна на новиот болид и носи добри резултати. Затоа мислам дека се е јасно, Но Перез не може да го предизвика Макс за титулата. Тој носи добри резултати и болидот му одговара, Но нема константни резултати.

На долг рок тој нема да биде шампион. Мора да даде максимум на трките за да може да напредува – смета мика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ