Хамилтон ги објаснува коментарите за Индија

Луис Хамилтон ги објасни своите коментари за Индија, откако поранешниот организатор на Гранд При трка го нарече “многу сиромашна земја“.

Луис, во своe интервју за BBC, објасни дека не разбира зошто Либерти Медиа ја шират тркачката серија на нови дестинации со слаба моторспорт историја, алудирајќи на Виетнам, а споменувајќи ги Индија, Кореа и Русија во минатото.

На социјалните мрежи веднаш почнаа да се појавуваат коментари во врска со она што го изјави Луис, така што старо-новиот првак побрза да го појасни она што го кажа.

Гледам дека некои луѓе се вознемирени од моите коментари за Индија. Најпрво сакам да кажам дека индија е едно од најубавите места на светот, културата е невројатно. Сум бил таму и секогаш сум имал неверојатен помин без разлика што е најбрзо растечка економија во светот со многу сиромаштија.

Јас зборував за она дека гранд при трка таму е чудно чувство затоа што доаѓате на патеката возејќи помеѓу бездомни луѓе, а пристигнувате во огромна арена, здание на кое не се штедело.

Тие потрошија стотици милиони за патека која сега не се користи, парите може да бидат потрошени на училишта или домови за оние на кои им се потребни.

Кога се тркавме таму немаше посета затоа што картите беа скапи и луѓето не беа загреани за моторспортот. Сепак, и покрај тоа јас сретнав неколку големи фанови од Индија – заврши Хамилтон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ