Хамилтон го утнал модот на моторот на рестартот

Луис Хамилтон изјави дека доцна го променил модот на моторот во пресрет на рестартот на трката во Холандија. 

Тој беше предизвикан од Макс Верстапен на рестарот на трката и не успеа да се одбрани бидејќи холанѓанецот го искористи влечењето и изби пред него. Ред Бул жртвуваа позиција за да променат гуми кај Верстапен, додека Хамилтон остана на користени медиум гуми. 

Доцна променив во мод за трка бидејќи веќе бев на правецот. Тие се пребрзи на правците – реален е луис.

На радиото можеше да се слушне како Питер Бонингтон му кажува на Хамилтон да стави во Страт 5. Хамилтон забрза во последниот свиок пред рестарот и Бонингтон мораше да го потсети да стави во Страт 5 што е забрзување од 160 коњи. Тоа доцнење од секунда го чинеше многу. 

Сепак Тото Волф изјави дека крајната брзина била проблем и не можел да се одбрани од Верстапен. 

Мислам дека ни недостасува брзина на правците. Болидот има голем отпор. Кога ќе го поправиме тоа, ќе се бориме на правците и на патеки каде е тешко да се престаса.

Никогаш не вели никогаш, Но шансите во тој момент беа помали од 50% за да го престигнеме Ред Бул. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ