Хамилтон жали што губи сојузник како Фетел

Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, вели дека неговиот поранешен ривал и пријател, Себастијан Фетел, е еден од најголемите луѓе што сме ги виделе во спортот и некој кој отсекогаш бил сојузник на британецот.

Фетел во четвртокот објави дека ќе се пензионира на крајот од оваа сезона по шеснаесетгодишното присуство на Формула 1 гридот кое донесе 53 победи и четири светски титули. Со текот на годините, Хамилтон и Фетел водеа многу битки еден против друг, особено во 2017 и 2018 година кога германскиот возач беше во Ферари и кога двајцата возачи беа во сопствена лига како кандидати за шампионатот.

Иако имаше неколку жестоки моменти меѓу двајцата на патеката, нивната меѓусебна почит и вистинско пријателство секогаш беа присутни.

Знаев дека доаѓа овој момент, бидејќи имаше навестувања, но кога ќе се случи, тоа е друга работа – рече Хамилтон пред трката за големата Награда на Унгарија овој викенд.

И само би рекол, моето прво чувство е дека е тажно кога гледам дека тој заминува. Немав многу време да размислувам за целото патешествие низ кое поминавме заедно.

Но кога зборувам за тоа што сум го доживеал во овој спорт, би рекол дека тој е еден од ретките луѓе што ме натерале да не се чувствувам осамено.

Хамилтон изјави дека во почетокот на кариерата сфатил дека Фетел ќе стане голема фигура во спортот, не само како возач, туку и како човек со убедување кој никогаш не се плашел да го каже своето мислење.

Застана покрај мене низ многу работи. Секогаш се сеќавам на 2007 година, на прес-конференцијата во Мањи-Кур и тој беше многу, многу отворен на брифингот на возачите.

тогаш знаев дека тој ќе биде моќна фигура во спортот, Но кога го видов неговиот успех, а потоа видов дека ги става другите пред себе, тој е толку храбар кога зборува  и се залага за она во што верува.

Зборуваме за легенди во нашиот спорт. Јас навистина не го сакам тоа име, или таа титула, да бидам искрен. Мислам дека тој е еден од најголемите луѓе што сме ги виделе во спортот И ни требаат повеќе како него. Тажен сум затоа што ќе изгубам сојузник во спортот.

Но, знам дека надвор од спортот, тој ќе прави одлични работи И се надевам дека секогаш ќе останеме пријатели. Се надевам дека ќе има други работи што ќе ги правиме заедно надвор од спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ