Хамилтон задоволен: Ги победивме Ферари во Унгарија

Седумкратниот поранешен шампион, Луис Хамилтон, ги пофали перформансите на Мерцедес во Унгарија. 

Тој и колегата Расел завршија на втора и трета позиција на подиумот откако оваа година се мачат да ги повратат загубените перформанси, но веќе втора трка по ред имаат двоен подиум.

Ова е огромно задоволство, Неверојатно чувство за нас да се види колкав напредок сме направиле. Второ место на втора трка по ред и јас и Џорџ да сме на подиум е фантастично за тимот во однос на поени.

Завршивме со повеќе поени од Ферари кои се доста побрзи од нас. Мислам дека со оглед на проблеми кои ги имавме овој викенд покажавме одлична брзина – задоволен е луис. 

Ферари се најде под голем притисок поради стратешките одлуки во текот на трката, но Биното верува дека болидот бил крив за распадот на трката. Хамилтон смета дека тој можел да се бори за победа. 

Дефинитивно можевме да сме блиску до Макс, но којзнае, Не верувам дека ќе ивртевме исто кругови на тие гуми. Стартувавме без проблем и мислам дека можеби бевме и побрзи од Макс на трката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ