Хамилтон зачуден колку патеката влијае на перформансите на Мерцедес

Луис Хамилтон остана зачуден колку болидот на Мерцедес зависи од карактеристиките на секоја патека откако петочните тренинг сесии ги заврши на 11то место.

Хаилтон и неговиот колега, Џорџ Расел, не успејаа да се носат со најбрзите на петочните тренинзи во Хунгароринг и редовно јавуваа дека се мачат преку радиото. Во еден момент Луис потенцираше дека е истоштен додека вози кога доби информаци дека заостанува 1,1 секунди од времето на Леклер и Ферари.

болидот е чуден и лудило е колкава разлика има во перформансите од една до друга патека. работам и се трудам да најдам зошто болидот не работи добро во моментов. не знам, правиме се што можеме и знаеме и имавме многу тежок ден – посочи седумкратниот првак.

“Сребрените стрели“ пристигнаа на Хунгароринг во надеж дека ќе го повторат најдобриот резултат од сезонава, кој го остварија на претходната трка во вид на двоен подиум, но се многу далеку од ритамот на водечките.

ништо не променивме на болидот од минатата недела, јас сум истиот возач како и пред седум денови, но од некоја причина, патеката воопшто не ни одговара. мислам дека штом го сетираме како што треба, заостатокот на летечки круг ќе биде исти како и во франција, околу секунда.

Тој посочи и дека имал штета на подот додела возел долги серии на Т2 и поради тоа не го знаат точниот ритам.

ќе биде тежок викенд пред нас, тоа е сигурно, но ќе дадеме се од себе да видиме со што располагаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ