Хамилтон за контроверзната кацига од Катар: Бев подготвен да одам во затвор

Луис Хамилтон се присети на неколку клучни моменти за време на својот престој во Мерцедес, а интересно беше кога ја коментираше својата заштитна кацига со мотив на виножито со која се појави на Катарското Гранд При пред две години.

Седумкратниот првак вели дека таквата шара носела ризик за време на Гранд При викендот, но тој останал на својот став да го шири гласот за борба за поддршка на различностите во општеството.

Тој носеше многу различни маички со #WeRaceAsOne натписи за време на трките во 2020 и 2021 година, но кацигата со мотив на виножито во Катар беше повеќе од тоа.

за мене е запрепастувачки што живееме во време кога многу земји имаат проблем со човековите права, а тоа е особено изразено на средниот исток. правата на жените, правата на лгбт заедниците, иа закони кои ги ограничуваат луѓето да се изразат себе си и тоа што се тие.

секогаш сум превземал ризици, сакав да го направам тоа со шарите на кацигата и по цена да завршам во затвор, не ми беше грижа за последиците затоа што секогаш стојам на страната на нешто што верувам, дури и по цена на голема жртва.

можеби ќе звучи лудо, но морам да направам одредени работи за да им покажам на луѓето колку е важно да се борат за она во што веруваат, да ја водат сами таа борба, да се разговара и да се прават промени.

со таа кацига победив на трката, знаев дека морам да стигнам до највисокото место на подиумот затоа што ќе бидам најзабележан и го сторив тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ