Хамилтон за новиот спринт формат: Ќе биде позабавно со повеќе квалификации

Луис Хамилтон ги поздрави промените во правилата за спринт викендите согласно кои ќе има две квалификациски сесии, една за спринтот, друга за Гранд При трката.

Светскиот Мотор Спорт Совет сеуште официјално го нема потврдено променетиот тркачки формат, но екипите дале едногласна поддршка.

Во 2021 година имаше три спринтови, лани исто така, а за годинава се планирани двојно повеќе, од кои првиот во Баку на крајот од овој месец. Планот е петочни квалификации за спринтот и саботни за главната трка со еден тренинг во петок наутро.

мислам дека константно треба да се подобруваме и еволуираме на она што го правиме. мислам дека промените во спринт тркачките викенди се позиивни, јас сум секогаш отворен на промени и продолжување на зголемувањето на популарноста и бројот на фановите.

ми се допаѓа петок за време на спринт викенд, барем од досега одработените спринтови, но би сакал повеќе квалификации затоашто е супер забавно и поинакву. можеби ни требаат мали прилагодувања за сите патеки во однос на нивниет карактеристики, како на пример во монако, да најдеме начин да биде интересно поради неможноста да се претекне.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ