Хамилтон за своите шанси за победа во Бразил

По осум последователни сезони со победи, оваа година Хамилтон не победи на ниту една трка.

Мерцедес имаа проблеми со болидот и правилата кои најмногу влијаеа на нив.

Нивниот болид најмногу страдаше од потскокнувањето и затоа тие морале да го сменат концептот на болидот на средина на сезоната.

Многу приказни се појавија поврзани со сударот на Хамилтон и Верстапен во Бразил кој се повтори оваа година.

Хамилтон смета дека имал шанса да победи дококлу не се случело тоа.

Тоа беше причината. Мислев дека имам многу шанси за престасување со две застанувања и да направиме притисок. Но патеката е тешка за престасување. Бевме многу близу и секогаш борбата е тешка.

Хамилтон смета дека тој и Расел донеле одлука да возат со различни крила за да ги покажат предностите и слабосите.

Имавме различна конфигурација. Јас бев побрз на правиците а тој во свиоците. Но не треба така да е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ