Хамилтон за сезонава: Како да имаше дух во болидот

Луис Хамилтон изјави дека мислел оти има дух во болидот на Мерцедес сезонава, кој  правел проблеми на тимот за да напредува. 

Откако на почетокот се мачеа со потскокнувањето, Мерцедес започна да го средува проблемот, но се појавуваа нови проблеми. Имаа неколку охрабрувачки викенди во Шпанија, Силверстон и Унгарија, по што следуваа разочараувања и тимот конечно среди дел од проблемите со новините од Америка. 

Првиот чекор беше во Барселона каде го видовме потенцијалот на болидот, Но излезе дека не било така. Како да имавме дух во болидот кој се враќа од време на време. Во Франција го имавме првиот двоен подиум и подоцна Остин каде надградбите работеа – потсети седумкратниот првак.

Хамилтон го пофали Мерцедес за напорната и темелна работа за да најде одговор на проблемите. 

Знаеја што прават и Никогаш не се сомневав во нив бидејќи пробувавме и наоѓавме грешки. Некогаш некои надградби не работеа, но секогаш пробувавме нешто ново. Многу пати се обидовме и учевме. Така беше во текот на годината. 

Иако не беа конкурентни на секоја патека и тој нема победа за прв пат во својата Формула 1, кариера сепак смета дека годината била позитивно искуство. 

Ова беше тешка година за сите. За мене беше голем предизвик и благодарем сум за тоа. Ова беше моја најдобра година во однос на подршка од навивачите. Го ценам тоа што го правеа во ваков тежок период. Имавме добри и лоши викенди, но тие беа страствени и возбудени за работата која ја правиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ