Хамилтон изненаден од изборот на Петров за стјуард во Португалија

Луис Хамилтон не ја разбира одлуката на ФИА за изборот на Витали Петров за Формула 1 стјуард по котроверзните извјави на русинот. 

Иако Формула 1 и ФИА се трудат да ја рашират антирасистичката порака оваа година, Петров изјави дека не ја разбира подршката со клекнување на земја во пресрет на стартот на трките. 

Искрено не разбирам зошто клекнуваат на церемонијата. Според нашите традиции во русија се клекнува само на две работи, во храмот и кога се бара идната жена.

Со овој гест тие сакаат да привлечат внимание во борбата со расизмот. Русија има друг менталитет и ние немаме проблем со тоа што го зборува Хамилтон. Треба да се почитува секој човек, но мислам дека е неопходно да се размислува глобално – изјави петров.

Русинот додаде и дека не е импресиониран од носењето на маичка за Бриона Тејлор од страна на Хамилтон поради што ФИА реагираше со забрана за таквите провокации. 

Мислам дека пола од публиката не разбира што значи натписот на таа маица. Што ако некој од возачите признае дека е геј, дали ќе треба да излезе со знаме на виножито и да бара сите да станат геј. 

Изборот на Петров не му се допаѓа на Хамилтон. 

мислам дека е изненадување да се најми некој со такви верувања и кој е гласен кога се трудиме да се избориме со нешто. мислам дека јас не можам да променам нешто, Но дефинитивно треба да ни се приклучат луѓе кои ги разбираат времињата во кои живееме и чувствителната природа која не опкружува. Не разбирам која е целта зошто е тој тука. Не дека нема други опции – смета актуелниот шампион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ