Хамилтон изненаден од тешката сезона

Иако статистички оваа сезона беше најлоша за Луис Хамилтон до сега, тој признава дека бил изненаден од постигнвуањата во текот на истата.

Откако ја освоијуваа титулата осум последователни години, Мерцедес се мачеше да се справи со новиот болид кој имаше проблеми со потскокнувањето и тимот направи прогрес во средувањето.

Мислам дека од почетокот на сезоната имаше повеќе фрустрација од тоа што сум навикнат. Мораше да видите каде да го поставите болидот и како да извлечете максимум. Но ништо не беше како што треба или слично на некој болид од минатото. Болидот беше против сите норми што сум ги искусил во кариерата.

Иако Мерцедес не се откажа од средување на проблемот, Хамилтон признава дека било тешко за сите.

Мислам дека како тим се обидувавме повеќе работи. Сите доаѓаа позитивни во викендот и подоцна се враќаа во фабриката и симулаторот. Не знаевме што не чека од трка на трка.

Но главен предизвик за Хамилтон било да остане позитивен.

Морав да останам позитивен и да си викам дека се ќе биде во ред. Тоа беше доста предизвикувачки, ментално и емоцијалнолно за сите во тимот. Но изненаден сум од себе како се справив. Најважно е што успеав да го задржам фокусот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ