Хамилтон имал проблем со ДРС на квалификациите

Луис Хамилтон изјави дека имал проблем со неговиот ДРС во последниот дел од квалификациите и поради тоа не можел да се бори за пол позицијата во Унгарија.

Неговиот колега Џорџ Расел стигна до првата пол позиција откако ги изненади сите и ќе стартува пред двете Ферари. Иако немаше ниту еден розев сектор, а стигна до пол позиција и најбрзо време, Хамилтон е разочаран што не можеше да се бори поради задното крило.

Се обидов да го отворам ДРС крилото, но тоа не се случи – ги откри проблемите седумкратниот првак.

Тој сепак му честиташе на Расел сметајќи дека ова е голем резултат за Мерцедес и награда за напорната работа.

Имам одлично чувство. Предниот ред беше тука и мислам дека ќе можевме да го освоиме. Му честитам на Џорџ за одличната работа и одличниот резултат на тимот. Ова е огромна работа. Среќен сум за сите и не го очекувавме ова.

Возачите на Ред Бул ќе стартуваат од 10та и 11та позиција откако Макс Вертапен имаше проблеми со моторот во последниот обид во К3.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ