Хамилтон има уште желба за возење

Откако стигна до подиум на својата 300та Гранд При трка, Луис Хамилтон изјави дека има сеуште желба да вози, да се трка, а Тото Волф најави дека се можни и 400 трки од седумкратниот поранешен првак. 

Хамилтон ја вози првата година од последниот двегодишен договор со Мерцедес и со 37 години се чини дека е на крајот на својата кариера. Но, неговиот шеф Тото Волф мисли друго. 

Зборувавме во последните неколку недели за нашето долго партнерство и наредните години. мислам дека ќе дојдеме до 400 трки – посочи тото.

Хамилтон сепак појасни дека тоа се многу трки и дека е благодарен што дошол до оваа бројка. 

Сеуште сум свеж и мислам дека имам сила за уште многу. Уживав во ова што го правам и горд сум на секој изминат ден работа со овие извонредни луѓе. Уживам во спортот повеќе од било кога. Одлични луѓе го водат спортот и имаме добри разговори за насоката во која се движи. 

Подиумот и второто место на Пол Рикар се најдобар резултат за Хамилтон оваа сезона. Мерцедес напорно работат да се подобрат и тоа е приоритет оваа сезона. Волф и Хамилтон подоцна ќе разговараат за иднината. 

Сакаме да почнее да победуваме, а подоцна ќе разговараме за иднината. Како тим мора да продолжиме да напредуваме. Едно е да возиме трки, а друго е да почнеме да победуваме.

Од почетокот на годината имаме проблеми со разбирањето на болидот. Сега имаме повеќе разбирање и подобро чувство во болидот. Ни недостасуваат перформанси, но ќе ги добиеме. Немаме големи чекори напред но ќе видиме што ќе се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ