Хамилтон и Волф нема да ги присуствуваат на ФИА доделувањето на наградите

Луис Хамилтон и Тото Волф нема да присуствуваат на гала вечерта на која ќе се доделуваат наградите во организација на ФИА, поради нивниот гнев од настаните на трката во Абу Даби. 

Мерцедес одлучија да ја повлечат жалбата и се оставија во рацете на ФИА која треба да состави комисија за анализа на настаните на трката. “Сребрените“ нема да го покажат и победничкиот Формула 1 и Формула Е болид и потврдија дека Хамилтон и Волф нема да бидат присутни. 

Волф изјави дека наградата ќе ја земе главниот технички директор Џејмс Алисон. 

Двајцата нема да бидеме таму. Нема да одам бидејќи сум лојален на Луис и да си го заштитам личниот интегритет, Но ќе не преставува Џејмс Алисон кој ќе ја подигне осмата конструкторска титула за сите вработени во Брексли и Бриксворт – откри австриецот.

Волф призна дека е тешко да најде баланс помеѓу радоста за осмата конструкторска титула и одлуките на ФИА со кои според него му била одземена титулата на Хамилтон. 

Се трудам да се споредам со гневот кој го имаат Формула 1 возачите и од друга страна радоста за конструкторската титула. 

Според спортските правила, возачите кои ќе завршат прв, втор и трет во шампионатот мора да бидат присутни на доделувањето на наградите. Не е јасно дали ФИА ќе превземе нешто да го казни Хамилтон доколку не присуствува на настанот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ