Хамилтон и Мерцедес номинирани за Laureus наградата

Луис Хамилтон и Формула 1 тимот на Мерцедес се повторно номинирани за престижната Laureus World Sports Awards. Настанот почна да се организира од 1999 година давајќи им признание на големите постигнувања на индивидуи и тимови во спортот, а годинава ќе се одржи на 17 Февруари во Бахреин.

Возачот е номиниран во категоријата Спортист на годината, категорија во која шесткратниот првак бил номиниран шест пати во својата кариера, но никогаш не победил. Освен Луис во таа категорија се номинирани и Елиуд Кипчоге (атлетика), Лионел Меси (фудбал), Рафаел Надал (тенис), Тајгер Вудс (голф) и Марк Маркез (мотори).

Само двајца Формула 1 возачи се имаат закитено со Laureus награда и тоа Михаел Шумахер во 2002 и 2004 година и Себастијан Фетел во 2014 година.

Мерцедес е тимот кој е номиниран во категоријата Екипа на годината, категорија во која тие добија награда во 2018 година, фабричката екипа на Рено се здоби со тоа признание во 2006 година, а Браун четири години подоцна. Конкуренти на Мерцедес ќе и бидат фудбалскиот тим на Ливерпул, Јужно Африканската рагби репрезењнтација, машката кошаркарска репрезентација на Шпанија, женскиот фудбалски американски тим како и НБА екипата Торонто Репторс.

Моторспорт светот е претставуван и од Софиа Флорш која е номинирана во Камбек на годината за опоравувањето од силниот судр во Макао во 2018 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ