Хамилтон: Мерцедес избегна елиминација при коцкањето со гумите

Луис Хамилтон призна дека Мерцедес избегнале неуспех на квалификациската лотарија за Големата Награда на Канада откако дождот донесе големи предизвици.

Британецот ќе стартува четврти на гридот, односно трети по казната на Хулкенберг, веднаш пред тимскиот колега Џорџ Расел, и покрај тоа што Сребрените Стрели се бореа за темпо во саботната сесија каде доминираше влажното време.

W14 не можеше да генерира доволно топлина кога беше опремен со интермедиа пневматици, но сепак навременото црвено знаме во К3, заедно со пообилните врнежи, овозможија ветувачка стартна позиција за она што се очекува да биде сува трка.

Коментирајќи за својата сесија, Хамилтон изјави за медиумите:

Со оваа генерација на болиди, многу е потешко отколку во претходните години да се внесе температурата во гумите.

Болидите се толку тврди, се губи контрола многу брзо. Многу е тешко да се задржи на вистинскиот пат.

Последниот круг, еден круг што го направивме, беше во ред, но температурата во задните гуми за жал не беше во оптималниот прозорец.

К2 се одржа во услови на сушење, иако дождот повторно почна да паѓа подоцна во 15 минутната сесија. Мерцедес се одлучи да ги задржи Хамилтон и Расел надвор на интермедиа и покрај тоа што софт пневматиците покажаа поголемо темпо.

И двајцата возачи се жалеа за тешкотиите при изборот помеѓу софт и интермедиа во такви услови, но Хамилтон објасни:

Тоа беше лотарија, се коцкавме обидувајќи се да направиме нешто.

Мислам дека не успеавме, но сепак поминавме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ