Хамилтон: Можев да победам без проблемот од квалификациите

Луис Хамилтон изјави дека ќе се борел за победа на Унгарското Гранд При доколку го немал ДРС проблемот на квалификациите. 

Тој стартуваше од седма позиција поради ДРС проблемот и со тоа ги намали шансите да му парира на својот колега кој стартуваше од пол позиција. Расел заврши на трета позиција додека Верстапен победи со старт од 10то место. 

Седумкратниот шампион изјави дека временските услови му овозможиле на тимот да стигне до втор последователен двоен подиум, но жали што не се борел за победа. 

Тоа што беше поладно ни помогна доста. Не знам зошто, но благодарен сум. Се надевав на дожд на крајот за да го предизвикам Макс, но трката заврши.

Со подобри квалификации, денес ќе се борев за победа, Но сепак ова е одлично. Им благодарам на фановите за подршката – изјави луис по крајот на трката.

Хамилтон е на шеста позиција кај возачите со 10 поени помалку од Карлос Саинз, додека Мерцедес заостануваат само 30 поени зад Ферари. 

Се мачевме на почетокот и не знаевме дали ќе може да се бориме со другите, Но балансот беше добар и го информирав тимот дека ќе форсирам. Одлично е што по втор пат имаме два возачи на подиум.

Штета за Џорџ, Но другите беа на ивица. Ја намалуваме разликата. Во вториот дел ќе се бориме со момците напред. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ