Хамилтон му ја честиташе титулата на Макс

Кусо откако ја загуби трката во Абу Даби, а и овогодинешната титула, Луис Хамилтон му го честиташе насловот на својот жесток конкурент годинава.

Трката беше решена во последниот круг на Јас Марин откако Контролата на трка реши да го повлече безбедноснот возило во последниот круг, давајќи им на конкурентите за наслов да се пресметаат на патеката. Верстапен победи откако ризикуваше и промени на нови софт гуми за време на безбедносното возило, кога Хамилтон реши дека подобро е да си ја сочува позицијата.

најпрво сакам да му ја честитам титулата на макс и на неговата екипа. мислам дека завршивме фантастична рабта годинава, зборувам за мојата екипа, сите во фабриката, сите мажи и жени кои работеа многу напорно.

целава година беше една од најтешките сезони и јассум премногу горд на псотигнатото, но и благодарен што сум де од ова патешествие со мерцедес.

дадовме се во последниот дел од сезоната, апсолутно се што можевмеи. знаевме и никогаш не се откажавме, тоа е најважно – посочи хамилтон.

Седумкратниот, сега поранешен Формула 1 првак, откри дека се чувствувал убаво и конкурентно во вториот дел од сезоната и се надева дека сите во тимот ќе остант безбедни во текот на зимата.

се чувствувам добро, во болидот беше одличен последните неколку месеци, особено кон крајот на сезонаа. искрен сум кога велам дека сеуште сме во пандемија и им посакувам на сите да остант безбедни за божиќ со своите семејства.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ