Хамилтон незадоволен: Дождот не е доволно добра причина за да не се тркаме

Луис Хамилтон остана незадоволен откако Контролата на трка го одложи стартот на Големата награда на Монако, посочувајќи дека дожд не е доволна причина за да се остане во гаража и за да нема трка.

Поради безбедносни причини, старто тна трката доцнеше повеќе од 15 минути, по што следуваа три кругови зад безбедносно возило, а потоа болидите се вратија во бокс и имаше прекин кој траеше повеќе од 45 минути.

контролата на трка следи големо невреме кое брзо се доближува до патеката. поради тоа што дел од облаците стигнаа на патеката пред стартот, почеток зад безбедносно возило и останатите процедури согласно правилата беа имплементирани и сето тоа поради безбедносни причини – изјавија од контролата на трка.

Проблемот продолжи затоа што и по безбедносното возило и трите кругови зад него, дождот стна се посилен и трката беше прекината, нешто со што Хамилтон не се согласува.

не велам дека контролата на трка погреши, но не ја знам причината поради која не пуштија на патека и потоа ја преинаа трката. дожд не е доволна причина за да не се тркаме. на почетокот немаше голем дожд и требаше да почнеме со трката согласно предвиденото – смета луис.

На стартот со кој започна трката, сите возачи беа со сино маркирани гуми за целосно мокра патека, а потоа стана јасно дека силниот дожд донел и проблеми со снабдувањето со струја на пропратната сигнализација околу патеката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ