Хамилтон незадоволен: Потскокнувањето се врати

Луис Хамилтон изјави дека се вратиле проблемите со потскокнувањто на болидот на Мерцедес во текот на викендов во Абу Даби. 

Хамилтон имаше тешка сесија на Јас Марина и ќе стартува од петта позиција пред колегата Расел од кого  Тој бил сигурен дека ќе има добар викенд, но се се сменило на квалификациите. 

Мислам дека не чека тешка трка со оглед на сите работи кои неочекувано се случија. Ова е изненадување колку заостануваме, цели шест десетинки на правците. Со нетрпение чекам да заврши утрешниот ден – незадоволен е седумкратниот првак.

Луис тврди дека агресивното потскокнување од почетокот на сезоната повторно се појавило. 

Мислам дека повторно го имаме потскокнувањето, Но ова е последен пат. Бевме бавни на правците и имав проблеми со сопирачките кои ми прегреваа и болидот “влечеше” во една страна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ