Хамилтон нема да му се извини на Алонсо по неговите коментари

Луис Хамилтон од Мерцедес ја презеде вината за сударот со Фернандо Алонсо на трката за Големата награда на Белгија, но рече дека нема да се извини откако Шпанецот го нарече “идиот“ по тимското радио.

Во првиот круг, Хамилтон се обиде да го помине возачот на Алпин за трето место од надворешната страна на Ле Комб, возејќи зад Шпанецот по Камел правецот. Луис  беше делумно пред Алонсо кога сврте во свиокот, не оставајќи му простор на Алонсо и го предизвика судирот.

Иако Алонсо можеше да продолжи, задниот дел од болидот на Хамилтон беше катапултиран во воздух и од британецот беше побарано да се повлече поради оштетувањето. Потоа Хамилтон ја прифати вината за инцидентот, објаснувајќи дека Алонсо бил во неговата слепа точка.

Денес дефинитивно беше моја вина. Тоа е жално, но тоа се трки, Едноставно не оставив доволно простор и ја платив цената за тоа. Така да, тоа не беше намерно. Едноставно се случи – изјави седумкратниот првак по крајот на трката.

Алонсо беше бесен на Хамилтон на тимското радио, нарекувајќи го својот поранешен ривал како идиот кој може да вози само кога стартува прв. На прашањето за коментарите на Алонсо, Хамилтон рече дека е добро да се знае како се чувствува Алонсо за него.

Навистина немам одговор на тоа. Знам како се чувствуваат работите во моментот, но убаво е да се знае како тој се чувствува за мене – луто се насмевна Хамилтон.

Подобро е да е на чисто како се чувствува И како што реков, тоа не беше намерно и јас ја преземам одговорноста за тоа. Тоа го прават возрасните.

На прашањето дали ќе разговара со својот поранешен тимски колега од Мекларен, тој рече:

Не. Ќе го направев тоа доколку не слушнав што рекол.

Хамилтон додаде дека е среќен што поминал неповреден откако доби голем вертикален удар кога неговиот болид повторно се урна на асфалтот и рече дека брзо било очигледно дека неговиот автомобил претрпел огромна штета.

Се сеќавам дека гледав во земјата, дефинитивно беше високо. Благодарен сум што сум сè уште жив и во добро здравје.

Можев да слушнам дека нешто е скршено во менувачот. Кога слетав, скршив толку многу од задниот дел, па ми рекоа да застанам. очигледно, во тој момент, се надевате дека можете да продолжите.

Стјуардите на трката, исто така, утврдија дека Хамилтон влегол кон Алонсо, но бидејќи тоа беше инцидент во првиот круг, тие решија да не преземаат понатамошни мерки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ