Хамилтон не сака Ф1 да стане како Наскар

Луис Хамилтон ги предупреди Формула 1 шефовите внимателно да размислуват при користењето на црвеното знаме како алатка да ги направат трките поинтересни.

Италијанското Гранд При во Монца имаше црвено знаме откако Шарл Леклер излета директно во ограда на Параболика и тоа бараше поправка на бариерите, а следната недела во Муџело имаше дури две црвени знамиња, едното поради карамболот од 7от круг, а другото поради излетувањето на Ленс Строл во ограда на Арабиата 2.

Актуелниот првак прифаќа дека црвените знамиња дефинитивно ги направиле последните две трки поинтересни, но ја предупреди ФИА да не ја занемарува безбедноста.

знам дека фановите ги сакаа послдните две трки со рестартовите, црвените знамиња и безбедносните возила, но изгледаше како и да ќе развееја црвено знаме доколку се појави лист хартија на патеката.

можам да разберам зошто сите се возбудени од рестартовите, но понекогаш тие трки може да бидат здодевни кога сите возат со “гас до даска“ и има големи разлики помеѓу болидите, а целта на сите е крај на трката.

така се прави во наскар, цело време има жолто знаме и безбедносно возило за да се задржи возбудата во трката, но дефинитивно во формула 1 треба пред се да се мисли на безбедносните аспекти затоа што стартовите во муџело не беа баш најбезбедни.

знаев дека ќе имаме проблеми, јас го почувствував тоа, а фиа мора да научи од трката – вели хамилтон.

Откако беше доминантен во Шпанија и Белгија, Луис ја загуби трката во Монца поради влегување во бокс по нови гуми додека гаражите биле затворени за што беше и казнет, но повторно се врати на највисокот место на подумот на Тосканското Гранд При. Следува Русија каде Мерцедес нема загубено трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ