Хамилтон осми најплатен спортист на светот

Седумкратниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, се најде на 8то место на листата на Форбс за најплатени спортисти на светот.

Вкупните приходи на британецот во однос на плата и се што работи надвор од патеката за минатата година достигнале 82 милиони долари сметано од 1 Мај лани до истиот датум годинава. Тој енормен износ е доволен за да биде сместен во топ 10 помеѓу сите спортисти во светот и дел од елитата по втор пат во својата кариера.

Според листата на угледниот американски весник, 10те најплатени спортисти во светот заедно заработиле 1,05 милијарди долари минатите 12 месеци, што е 28% повеќе од година претходно и малку помалку од 2018 година кога најбогаите 10 инкасирале 1,06 милијарди долари. Таа рекордна 2018 година се должи на преголемите примања на боксерот Флојд Мејведер кој заработи луди 285 милиони долари.

Претходното појавување на Хамилтон во топ 10 беше во 2017 година кога беше 10ти со 46 милиони заработени долари. Форбс тврди дека 36-годишниот тркач заработил 12 милиони долари преку спонзорски договори со Томи Хилфигер, Монстер Енерџи и Пума, а имал и огромен бонус за 11те победи и рекордната титула лани.

На врвот на листата на Форбс се наоѓа ММА борачот Кнор Мекгрегор со дури 180 милиони долари заработка пред фудбалерот Лионел Меси со 130 милиони и Кристијано Роналдо со 120 милиони долари кои се најбогатата тројка.

Следен на листата е квотербекот на Далас Каубојс, Дак Прескот со заработка од 107,5 милиони долари, пред НБА ѕвездата Леброн Џејмс со заработени 96,5 милиони долари, фудбалерот Нејмар со 95 милиони долари и тенисерот Роже Федерер со 90 милиони долари.

Зад Хамилтон на листата се квотербекот на Тампа Беј Баканиерс, шампионот Том Брејди со 76 милиони долари и НБА играчот Кевин Дјурент со еден милион помалку.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ