Хамилтон откри: Се мачиме да го скротиме болидот

Луис Хамилтон објасни дека Мерцедес се мачат да го скротат и соодветно подесат нивниот В13 болид со оглед на жештината и ветерот во Бахреин откривајќи дека се мачат со многу надуправување и потскокнување.

Хамилтон и Џорџ Расел не се чувствуваат целосно удобно во новиот болид на тимот за време на тесот во Бахреин затоа што на тимот му треба време да го прилагоди радикалниот и иновативен болид со кој се појавија на вториот тридневен тест, последен пред почетокот на сезоната. Луис вторито ден постави 4то најбрзо време иако по дополнителниот час возење на Хаас, тој имаше реално 5то време.

тешко е. се гледа преку камерата во болидот дека болидот е тежок да се смири во еден правец, потскокнува по нерамнините и не сме многу задоволни во моментов, но се обидуваме да го скротиме и прилагодиме колку што може подобро – изјави луис.

Тој не смета дека новините кои тимот ги донел на тестот се виновни за карактерот кој болидот го има туку условите кои владеат на пустинската патека.

има доста ветер и тоа е причината поради која доста потскокнуваме. сеуште имаме тест и работа неделава пред трка и не може да биде полошо од ова што е. работиме на различни сценарија обидувајќи се да најдеме начин како да ја задржиме потисната сила и да не потскокнуваме.

мислам дека сите се во иста каша, сите имаат исти проблеми, некои успејаа да ги ублажат, други не, но тешко е, нерамно е и лизгаво, а утрото имаше и доста песок и беше доста жешко.

Сепак, седумкратниот првак верува дека Мерцедес ќе ги решат проблемите и ќе бидат одлично подготвени за првата трка.

се работи за пречки на кои наидуваме и кои треба да ги минеме како и сите оваа година. убеден сум дека екипата на патеката и онаа во фабриката ќе најдат начин, но дефинитивно нема да биде лесно.

Во Петок, Џорџ Расел беше само 13ти во конкуренција на 15 возачи, а Хамилтон демантираше дека тимот крие перформанси.

ќе беше прекрасно ако ги имавме овие проблеми со надуправуваање и на тој начин ги криеме перформансите, но не е така, дефинитивно нешто треба да пробаме поинаку. како што реков, сите се мачат, некои помалку некои повеќе, ќе видиме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ