Хамилтон под истрага поради претекнување под црвено знаме

Луис Хамилтон од Мерцедес е под истрага поради престасување под црвено знаме на третиот тренинг пред квалификациите за Големата награда на Абу Даби, последната трка од овогодинешниот календар.

Црвеното знаме се појави откако на Пјер Гасли му пукна гума на излезот од 10от свиок на Јас Марина. Во тој момент, Хамилтон ги престаса Ландо Норис од Мекларен и Мик Шумахер од Хаас пред 5от свиок кога се појави црвеното знаме.

За ваквиот прекршок до сега возачите добиваа грид казна како Макс Верстапен минатата сезона во Катар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ