Хамилтон признава дека е како “расипана плоча“ за развојот на Мерцедес

Седумкратниот шампион продолжува да притиска за враќање на екипата на врвот.

Луис Хамилтон призна дека е како “расипана плоча“ во неговиот притисок за Мерцедес да ја смени насоката на аеродинамичниот развој во Ф1.

Сребрените Стрели напредуваа со својот голем пакет надградби на Големата Награда на Монако, при што тимот го презеде второто место во поредокот на конструктори.

Хамилтон ја обезбеди својата прва пол позиција по 19 месеци на Унгарското ГП, победувајќи го ривалот Макс Верстапен за 0,003 секунди со неверојатен круг.

Но, седумкратниот светски шампион беше немоќен да се одбрани во свиокот 1, додека актуелниот носител на титулата се покажа доминантно и на крајот заврши 33 секунди пред Ландо Норис од Мекларен, додека Хамилтон падна на четвртото место.

Хамилтон беше гласен за недостатоците на W14 и неговиот претходник минатата сезона додека екипата базирана на Брекли се обидува да ја надомести разликата кон доминантниот Ред Бул РБ19.

Темпото на почетните стинтови во трката беше далеку од перформансите прикажани во еден круг на Хунгароринг и запрашан зошто болидот изгледа побрз при ниско гориво, Хамилтон изјави:

Болидот не е многу побрз генерално. само Овој викенд беше побрз.

Генерално имаме поголемо крило од некои други, како Ред Бул на пример, но се чини дека тие имаат поголема потисна сила од нивниот под.

Имаме многу работа пред нас. Би сакал да го видам тоа или оваа година или барем на болидот следната година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ