Хамилтон разочаран за Леклер по неговиот судар

Седумкратниот светски првак Луис Хамилтон, признава дека е разочаран за Шарл Леклер откако возачот од Монако излета од трката за Големата награда на Франција.

Леклер водеше во трката во текот на раните фази, но по грешка заврши во заштитните бариери, непосредно пред да застане во бокс. Неговиот ривал за титулата, Макс Верстапен, победи на трката, зголемувајќи ја својата предност во шампионатот за возачи на 63 поени.

Хамилтон ја поздрави формата на Ферари во 2022 година по неколку тешки сезони и изрази сочувство за Леклер по неговата скапа грешка.

Одлично беше да се види темпото на Ферари оваа година. Разочаран сум и лут за Шарл, кој врши одлична работа, како и Карлос.

Сепак, не е лесно да се има тоа темпо и тие перформанси и да се одржува. Тоа е тешка работа и разочаран сум за целиот тим затоа што знам какво може да биде тоа чувство.

Но, тие се одличен тим и ќе продолжат да ги држат главите нагоре. Уште многу може да тргне наопаку, па јас само би ги советувал да продолжат да притискаат.

Ферари е во битка со Ред Бул во првата половина од сезоната во 2022 година, а екипите се единствените што победија на трка оваа година. Хамилтон вели дека се надева дека ќе види напредок на другите тимови според новите регулативи, за да се осигура дека повеќе тимови ќе имаат можност да излезат како победници на  трка.

Промената на правилата мислам дека беше позитивна на многу начини, но не го промени редоследот премногу.

Ако погледнете, секогаш постоеле два тима на челните позиции и постоела таа разлика во средината од поредокот, па дури и со овие нови правила и регулативи, речиси го гледаме истото.

Значи се надевам дека правилата ќе напредуваат и ќе се подобрат и дека сите тимови можат да бидат малку поблиску.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ