Хамилтон реален: Не можевме ништо против Верстапен

Луис Хамилтон чувствува дека немал никаква шанса да се носи со Макс Верстапен во борбата за победа на Француското Гранд При затоа што Ред Бул болидот имал значителна предност.

“Сребрените стрели“ пристигнаа на Пол Рикар за да направат дополнителен исчекор кон Ред Бул и Ферари и да нападнат за победа, но заостануваа 8 десетинки за пол позиција на квалификациите. Сепак, поранешниот првак имаше добар старт од 4то место и го мина Чеко Перез, по откажувањето на Леклер дојде и до 2то место на кое заврши на крајот од трката.

До крајот на трката, Луис возеше зад Верстапен со посвежи гуми, но не успеваше никако да му се доближи и да го нападнт финиширајќи на 10 секунди зад него.

буквално сум со педалот за гас до крај на правецот и тој постојано ми бега. еден од најголемите проблеми за нас денеска беше брзината на правците и ако губите 3-4 десетинки само таму, не може никако да надоместите.

имаме работа за да се подобриме во иднина и сигурен сум дека имаме и уште некои други места каде заостануваме и треба да се забрзаме. ако притискав уште повеќе сепак ќе завршев на исто место на крајот на трката. морав да мислам и на болидот да го вратам неоштетен и на гумите да издржат до крајот – вели хамилто.

Француското Гранд При со 2-3 финишот на возачите на Мерцедес им го донесе најдобриот резултат годинава, двоен подиум.

дефинитивно со џорџ не очекувавме ваков резултат. ова е најдобрата позиција на која сум завршил трката годинава и поради тоа е голем ден за мене и сакам да ги пренесам позитивните страни во будимпешта.

Актуелните конструкторски прваци завршија на подиум на последните пет трки, така што го намалија заостатокот во однос на Ферари на само 44 поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ