Хамилтон: Ред Бул е најбрзиот болид што сум го видел

Седумкратниот шампион, Луис Хамилтон, го опиша Ред Бул РБ19 како најбрзиот болид што некогаш го видел.

Перез победи со Ред Бул во Саудиска Арабија пред својот колега Макс Верстапен, а по две трки, “биковите“ имаат предност од 87 поени пред Мерцедес со 46.

Тоа е неверојатно брз болид. Ние сме биле брзи, но никогаш толку. Мислам дека е најбрзиот болид што сум го видел споредено со останатите. Не знам како и зошто, но Верстапен ме помина со неверојатна брзина и не се трудев да го блокирам – објасни луис.

Ред Бул со Верстапен беше и најбрз во текот на викендот согласно максималната брзина од 342,7 кмч со отворено ДРС. За споредба, Хамилтон беше 14ти најбрз со 326,1кмч додека втор најбрз зад Верстапен беше Логан Сарџент од Вилијамс со 336,7 кмч.

Скудерија Ферари ја завршија трката на 6та и 7ма позиција и Хамилтон е изненаден од тоа.

Чудно е што Ферари се зад нас. Тоа е добро за нас, Но ова е друга подлога и не може да разбереме зошто има толку разлика за нас. Има доста позитивни работи овој викенд. На некои патеки ќе сме подобри, но потребни ни се надградби да се приближиме до Астон мартин.

“Зелените“ од Силверстон се на трета позиција, но не само поради казната на Алонсо, туку и поради откажувањето на Строл. Формула 1 се сели во Австралија каде е потребна повеќе потисна сила во болидите.

Ни недостасува потисна сила во задниот дел. Задницата не е доволно стабилна за да може да нападнеме. Кога тоа ќе се промени мислам дека ќе бидеме во подобра позиција, Но работиме напорно да го промениме тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ