Хамилтон сака во Мерцедес до крајот, исто како Мос

Луис Хамилтон откри дека се чувствува одлично во врска со својата иднина во Мерцедес и сака да го копира починатиот Сер Стерлин Мос кој останал поврзан со производителот се до смртта.

Седумкратниот првак ја одработува последната година од својот актуелен договор со “сребрените стрели“ и сеуште ги нема објавено плановите за во иднина, но редовно вели дека ќе продолжи со тимот. Германците го поддржаа уште кога имаше 13 години и го донесоа во Мекларен, а потоа и во својата фабричка екипа.

Тото Волф заклучи дека би било природно возачот да размислува за својата иднина и да разгледува опции доколку тимот се покаже недоволно добар за да му даде соодветен болид. Самиот Хамилтон откри дека се надева да иам слична кариера како победникот на Миле Миља од 1955 година, Мос.

се чувствувам неверојатно, сакам да продолжам затоа што во тимот сум како дома, тие ми се семејство и се гледам во мерцедес се додека сум жив. ако ги погледнете легендите, сер стерлинг мос беше до крајот со мерцедес, а тоа е и мој сон еден ден, да го мам истото, да продолжам со брендот засекогаш – најави луис.

Постигнувањата на седумкратниот првак со Мерцедес се историски, тој долго време е Амбасадор на екипата и сака да го задржи своето тркачко месо се додека придонесува.

имам неверојатно сојузници во екипата и одличен однос со сите. за мене лично, се додека продолжувам да му помагам на тимот и го носам напред, ќе останам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ