Хамилтон сака да ја види Јужна Африка во Ф1

Луис Хамилтон се надева дека Јужна Африка ќе биде следната земја која ќе биде придодадена на Формула 1 календарот во иднина.

Спортот во последно време договори долгорочни соработки со Мајами, Саудиска Арабија, Катар и Лас Вегас кој следната година станува дел од календарот. Јужноафриканската Република последен пат била домаќин на Формула 1 трка во 1993 година на Кијалами.

Самиот Стефано Доменикали минатиот месец потврди дека се размислува за ширење на спортот кон Африка во периодот кој следува.

америка и кина се огромен потенцијал, но гледаме дека има потенцијал и во афика, има огромен инетрес таму и секако дека географски тој континент недосасува од календарот – најави доменикали.

Актуелниот Конкорд договор истекуа на крајот на 2025 година и истиот дозволува максимум 24 трки годшно, а со растечкиот интрес за спортот, јасно е дека некои настани ќе треба да се изостават.

го сакам лас вегас, но навистина многу сакам да ја видам јужна африка во спортот, тоа е тоа што го сакам следно и што сум нетрпелив да се оствари. лично многу ми значи да има трка во африка поради континентот, зошто да не.

моите предци се од таму и поради тоа ми е многу важно, но сметам дека е важно и за спортот.ѓ

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ