Хамилтон сака патеки слични на Зандворт

Луис Хамилтон не разбира зошто патеките во Ф1 повеќе не се дизајнираат како Зандворт. 

Џон Хугенхолц е дизајнерот на обновената патека Зандворт која е доста модифицирана од последната трка во 1985 година. Тесната и увртена патека е доста техничка и има два закосени свиоци кои досега ти ги немало во Ф1 со исклучок на Индианаполис. 

Хамилтон заврши на четврта позиција поради лошата стратегија од негова страна и на тимот. Тој претходно возел на Зандворт во јуниорските серии во Формула 3 каде победи на втората трка. 

Времето е добро тука, патеката е на плажа и е патека правена по старите правила. Веќе не се прават вакви патеки. Не разбирам зошто. Навистина е интересно со закосените свиоци. Мора да се прават вакви патеки. 

Зандворт се врати на календарот оваа година откако паузираше една година поради рестрикциите за Ковид-19. Хамилтон сепак смета дека фановите на Верстапен на Зандворт не се различни од тие на Силверстон. 

Ги сакам фановите независно кого подржуваат. Ја сакам енергијата која ја носи спортот и во моментов гледам УС Опен. Не е важно кого подржуваат се додека носат убава енергија и атмосфера. Макс сигурно се чувствува како јас во Британија и тоа е одлично. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ