Хамилтон, сепак, негодувал преку радиото

Луис Хамилтон беше тивок по крајот на Гранд При трката во Абу Даби, но не цело време затоа што и покрај тоа што медиумите ја емитуваа празната тишина од неговото радио, тој сепак кажал нешто.

На четири кривини пред крајот на трката, кога седумкратниот првак свати дека нема да може да го мине Верстапен и дека ја загуби титулата, гласно преку тимското радио викал:

човече, ова е манипулирано.

Неговиот коментар не беше пренесен во живо, но можеше да се чуе на каналот кој ја следи неговата радио комуникација на Ф1ТВ апликацијата.

За време на периодот зад безбедносно возило, неговиот разговор со тимот беше фокусиран кон фрустрациите за бавноста на безбедносното возило. Претпоследниот круг, неговиот инженер Боно го информирашe дека директорот на трка, Мајкл Маси, решил заостанатите болиди да го минат него и Верстапен.

безбедносно возило во овој круг. подготви ги гумите затоа што ќе можеш да претекнуваш на секој од правците. тркање еден круг – го подготвуваше боно својот возач за она што следува.

По рестартот на трката и откако ја загуби позицијата од Верстапен, немаше коментар преку радиото се до последните четири кругови кога тој го откри своето незадоволство.

немам зборови луис, нема никакви зборови – беше коментарот од боно кон луис по крајот на трката, на што седумкратниот шампион не одговори ништо.

Откако се паркираше во парк ферме, тој седеше близу две минути во својот болид да ги прибере мислите пред да излезе. Слично беше и во Баку кога по грешката и излетувањето во првата кривина од рестартот, седеше во болидот, а потоа ја преескокна и официјалната прес конференција.

Ни Тото Волф не се појави пред медиумите по поразот велеќји за моторспорт дека не сака да разговара со никого кога го напушташе падокот. Главниот стратег и главниот инженер на тимот, Џејмс Вауелс и Ендру Шовлин исто така не даваа изјави.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ