Хамилтон сеуште без договор со Мерцедес

Дали Луис Хамилтон си игра со Мерцедес околу новиот договор, свое мислење даде Марк Сурер. 

Договорот на Хамилтон со Мерцедес истекува на крајот на оваа година и тој е на патот на неговата шеста титула со тимот. Британецот во моментов има пет од неговите шест титули освоени со Мерцедес и атакува на седмата во својата кариера, но заминување од тимот е еднакво на самоубиство во доколку сака да биде шампион и во иднина. 

Според шефот на тимот, Тото Волф, било какви коментари немаат смисла бидејќи двајцата немаат време да седнат и да се договорат за продолжување на соработката иако изговорот на Волф нема никаква смисла и според Сурер, иако Хамилтон знае дека нема алтернатива сепак си дозволува да си поигра. 

Тој може да си дозволи да си игра. Кој може да му се спротивстави? Тимот зависи од него и чека на него.

Видовме дека Верстапен неколку пати го победи Ботас, но со Хамилтон е многу потешко. Тоа му значи на Мерцедес кои се многу зависни од него и не им се брза – смета сурер.

Според Волф до крајот на годината ќе има одлука. 

Мора да биде оваа сезона. Не може да започнете сезона без да знаете кој ви се возачите. Според тоа, сигурен сум дека ќе продолжиме.

Интензитетот на оваа сезона не ни дава многу слободно време бидејќи мора и да се одмориме некогаш. Кога ќе се опуштиме ќе разговараме и ќе го извадиме стариот договор и ќе видиме дали треба некоја промена. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ