Хамилтон смета дека Верстапен намерно погрешил во К2

Луис Хамилтон сугерираше дека Макс Верстапен намерно ги блокирал сопирачките за време на втората фаза од квалификациите за Големата Награда на Абу Даби, пред да се префрли од медиум на мека гума.

Верстапен и Хамилтон возеа со медиум гуми во раните фази на К2 на патеката Јас Марина, но Верстапен ги блокираше сопирачките на почетокот на летечкиот круг и се врати во боксот за да ги промени медиум гумите кои пријави дека му се уништени.

Додека Хамилтон продолжи со медиум, Верстапен се врати на сет на меки гуми за да го обезбеди своето место во К3 каде се одлучуваше за пол позиција, а тој убедливо победи и денеска ќе стартува од најдоброто место.

Тоа значи дека Хамилтон ќе ја започне трката со поиздржливите медиум гуми, додека Верстапен ќе стартува со софт. Зборувајќи по квалификациите, Хамилтон призна дека Ред Бул се недостижни и размислувал дали грешката на Верстапен можеби била намерна, додека ривалите се подготвуваат за нивната шампионска пресметка.

Тие беа толку брзи денес. Во последното возење не можевме да им парираме. Тие завршија одлична работа. До тогаш изгледаше навистина, навистина силно, низ целата сесија.

Не сум изненаден, бидејќи ако погледнете на последната трка, Верстапен беше четири десетинки побрз во тој еден круг во квалификациите. Тие имаат многу, многу брз болид. Кога се функционира, тие ќе бидат напред.

Интересно е што тие имаа блокирање во свиокот 1 и сите тие работи. Јас сум заговорник, никој не блокира сопирачки во свиокот 1, а ако го правите тоа, тоа не е големо блокирање.

Тие очигледно намерно избраа да одат на софт, според мое мислење, можеби грешам. Но, се надевам дека она што го правиме ние е вистинското – посака актуелниот првак.

Верстапен брзо го негираше коментарот за време на неговите сопствени интервјуа по сесијата, инсистирајќи дека тоа е вистинска грешка.

Не, се разбира дека никогаш не го правите тоа, Тоа секако не беше намерно. Закочив и се обидов да направам уште еден круг со медиум гумата, но таа се оштети и морав да влезам во бокс.

И покрај ситуацијата, шефовите на Ред Бул, Хелмут Марко и Кристијан Хорнер, немаат загриженост за стратегијата на Верстапен, објаснувајќи дека одлуката дали да се започне на медиум или софт била “50/50“ пред квалификациите. Хамилтон, сепак, се надева дека неговата стратегија ќе се исплати како што се развива трката, иако е претпазлив за темпото на трка што Ред Бул го прикажува во пракса.

Нивното тркачко темпо беше многу, многу силно, така што нема да биде лесно да се остане во чекор со Верстапен.

Но, ако тие ја имаат предноста што мислиме дека меките гуми може да ја  имаат, тогаш можеби ќе бидеме на добро место.

Вечерва ќе бидам овде на патеката, ќе учам, ќе ги гледам минатите видеа и само ќе се подготвувам на најдобар начин, па кога ќе дојдам овде утре веќе сум свесен за сите стратегии и се што треба да направам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ