Луис Хамилтон потврди дека е продуцент на документарен филм за неговата кариера со Епл.
Седумкратниот шампион во моментов е продуцент на Ф1 филм со Бред Пит во режија на Џозеф Косински кој го снимаше Топ Ган – Маверик.
Мислев дека веќе сум го најавил ова. Продуцирам документарец за мене со Епл. Различно е чувството кога имаш камери околу себе но се работи за мојот живот, мојата кариера и пат на кој сум и се надевам дека ќе ги инспирирам младите како што документарецот за Сена ме инспирираше мене. Можеби некое младо дете ќе сонува како мене за да постигне многу.