Хамилтон со позитивен впечаток по првото возење на В11

Луис Хамилтон уживал во првото возење на болидот за 2020 година на Мерцедес на патеката Силверстон, велејќи дека новиот претендент за титула е исто толку добар како и претходникот кој го возел на последната трка во Абу Даби минатата сезона.

И Хамилтон и Валтери Ботас добија време на патеката. Пред новата сезона во која Хамилтон цел да ја освои својата седма титула и да се изедначи со рекордот на Михаел Шумахер, британецот порача дека предсезонските тестови ќе покажат какви се перформансите на В11 во однос на ривалите.

Само што завршив со возење. Ова го правам долго, долго време, но секој пат кога влегувам во болидот, возбудата е иста, ако не и поголема. Болидот беше одличен. Очигледно има многу работа одзади сцена при изработка, а јас сум еден од двајца кои може да го возат.

Се обидувате да посветите внимание на се, на позицијата на седење и чувството кое го добивате при управување, како и балансот. Не е лесно кога патеката не е совршена. Но се помина без проблеми. Сепак нема да знаеме додека не почнеме со тестовите и да видиме колку е подобрен болидот.

Не се разликува премногу од болидот во Абу Даби, така што тоа е добар почеток.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ