Хамилтон ја вратил вербата во тимот

Луис Хамилтон откри дека ја вратил вербата во тимот откако станало јасно дека насоката кон која притиска Мерцедес е исправна и покрај тешкиот почеток на сезоната годинава.

Иако “сребрените стрели“ сеуште немаат победа по 16 трки сезонава и ова може да биде нивна прва сезона без ттриумф од 2013 година. Хамилтон имаше подиуми сезонава, исто како и неговиот колега, но тимот од Бракли заостанува зад своите најлути конкуренти.

Првиот дел од сезоната актуелните конструкторски прваци го минаа во обид да го разберат однесувањето на новиот радикален болид, а во последно време стануваат се посилни, така што Хамилтон смета дека тимот ќе ја оствари целта годинава и ќе победи.

тешко е во моментов, но беме страшно силни во минатото, освојувавме титули, комуникацијата продолжува да се подобрува е повеќе. одржуваме се повеќе состаноци, работиме како тим, а јас се обидувам да дадам колку што можам подобар фидбек во однос на тоа што чувствувам од болидот и каде сметам дека може да се подобри ситуацијата.

има работи кои не е гледаат во податоците и само воачот може да ги посочи, така што работиме неспоредно со џорџ на тоа. болидот има потенцијал, имаме потисна сила, но на некои места не можеме да ја искористиме. во однос на квалитетот на возењето, таму секогаш можеме подобро.

убеден сум дека насоката во која се движиме е целосно исправна и имам 1.000% верба во тимот на патеката и во фабриката кои даваат се од себе да ги решат проблмите. немам сомнеж дека догодина ќе се вратиме многу силни – најави седумкратниот првак.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ