Херберт: Верстапен не мора да вози за друг тим за да стане великан

Поранешниот Формула 1 возач Џони Херберт ги отфрли тврдењата дека Макс Верстапен треба да освои титула надвор од Ред Бул за да биде признат како великан на сите времиња.

Луис Хамилтон и Михаел Шумахер моментално го делат рекордот за најмногу титули на возачи во Ф1 со седум поединечни титули, при што и двајцата го имаат направено тоа со два одделни тима.

Во меѓувреме, Верстапен, кој победи на пет од воведните седум трки оваа година, е на пат да ја освои својата трета последователна шампионска титула и сите негови успеси доаѓаат откако пристигна во Ред Бул во 2016 година.

Холанѓанецот е поврзан со Ред Бул откако влезе во Ф1 како 17 годишен со нивниот сестрински тим, тогаш познат како Торо Росо, и постојано сугерираше дека би можел да се повлече од Ф1 на крајот од неговиот актуелен договор кој трае до крајот на 2028 година.

Но, Херберт ја оспорува секоја идеја дека актуелниот шампион треба да победи во друг тим како Хамилтон или Шумахер за да биде поздравен како еден од најдобрите возачи во спортот.

Верстапен не мора да се пресели во друг тим и да победи таму, за да се смета за еден од најголемите великани – изјави Херберт.

Михаел Шумахер го направи тоа со Бенетон и Ферари. Но, во кој болид и да се наоѓате, елитата како Верстапен или Хамилтон има перформанси во секој болид таму.

Доминацијата на Ред Бул од промената на регулативите минатата година доведе до победа на Верстапен на 20 од 29те трки што се одржаа, што го остави сега на само една победа да се изедначи со 41 на Аиртон Сена.

Херберт верува дека би било неправедно да се бара од Верстапен да триумфира на друго место, бидејќи успехот во Ф1 во голема мера зависи од машинеријата со која располага возачот.

Ако оди во друг тим, треба да има шанса да победи на трка и да освои титула во тој болид. Знаеме дека Луис Хамилтон може да биде еквивалентен на Макс Верстапен ако се во ист болид.

Не е фер да се каже дека Верстапен може да се гледа како еден од великаните само ако вози и во друг болид.

Верстапен пристигнува на трката за ГН на Канада овој викенд со здрава предност од 53 поени на врвот на табелата во однос на тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез.

Холандскиот возач го задржа нападот на Карлос Саинз за да ја обезбеди својата прва победа во Монтреал минатата година.

Ред Бул, пак, имаат 135 поени предност пред второпласираниот Мерцедес и можат да стигнат до својата 100та победа во Ф1 трка во недела.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ