Херберт: Верстапен ќе го надмине Хамилтон

Холанѓанецот е на добар пат да ја обезбеди третата титула на возачи во Ф1.

Поранешниот победник на Ф1 трка Џони Херберт верува дека Макс Верстапен ќе ги надмине достигнувањата на Луис Хамилтон во спортот.

Холанѓанецот Верстапен е на добар пат да ја освои третата возачка титула по ред, со предност од 110 поени пред тимскиот колега од Ред Бул, Серхио Перез, по само 11 трки оваа сезона.

Во изминатите две сезони беа срушени бројни рекорди, но белегот на Хамилтон од 103 победи на трки и 104 пол позиции останува далечна цел.

Херберт, кој оствари три победи во 1990те, го поддржува Верстапен да ги подобри рекордите на Хамилтон, како што Британецот го стори истото кон тие на Михаел Шумахер.

Верстапен е талент кој се појавува еднаш во една генерација – изјави Херберт.

Секогаш доаѓа еден поединец кој е подобар од претходниот и покрај технолошкиот напредок.

Макс ќе биде подобар од Луис, Луис беше подобар од Михаел Шумахер, а Шумахер беше подобар од Сена. Тоа само се развива.

Макс порасна толку многу како возач. Тој едноставно не лета во далечина. Тој ќе го направи токму она што треба да го направи.

Тоа е промената од стариот Макс. Поради тоа не гледам дека некој се уште е на исто ниво како Ред Бул.

Лошиот ден за Макс беше да заврши втор. Лош ден за него сега е да заврши само прв!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ