Херберт: Верстапен ќе го нападне Хамилтон

Макс Верстапен кој атакува кон својата прва титула и Луис Хамилтон кој веќе има шест титули ќе бидат главната битка оваа сезона, смета поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт.

Во последните шест години, Мерцедес доминираа на тркачките викенди. Но оваа година, многумина прогнозираат дека Ред Бул ќе бидат вклучени во битката, а Верстапен ќе го предизвика Хамилтон за титулата.

Не верувам дека многу ќе се промени по тоа што го видовме на тестовите, а моментално никој не работи поради затворените фабрики. Кога ќе почне тркањето, мислам дека ќе го видиме тоа што го очекувавме во Австралија.

Битките ќе бидат потесни, Ред Бул се најблиску до Мерцедес, но Макс Верстапен ќе биде тој кој ќе го предизвика Луис Хамилтон.

Сеуште имаме добри шанси за одлична сезона, а сите возачи одвај чекаат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ