Херберт очекува Хамилтон да го победи Расел

Поранешниот Ф1 возач, Џони Херберт, го поддржа Луис Хамилтон во борбата со Џорџ Расел за претстојната сезона. 

Расел е трет колега на на Хамилтон кој го има победено во текот на една сезона откако помладиот колега ја донесе единствената победа за тимот лани. Хербет смета дека поради настаните од 2021 година, Хамилтон не бил во можност да ги исполни целите, но покрај тоа и лошиот болид на Мерцедес ја расипал борбата. 

Мислам дека Луис стартуваше фрустриран, а знаеме дека и болидот не беше добар. Мислам дека со вистинскиот пристап, тој можеше да биде помалку фрустриран како седумкратен шампион на кој му беше одземена титулата. 

Но, Херберт сепак верува дека Хамилтон ќе се врати посилен во новата сезона. 

Сега треба да се ресетира и да има нов пристап кон сезоната. Знаејќи каков притисок има, ќе му биде тешко на Џорџ. Позитивно е за еден возач кога знае дека неговиот колега може да го предизвика. Мора уште од старт да е силен. 

Се додека не се завршат преговорите, Хамилтон има договор кој му истекува на крајот на оваа сезона. 

Можеби оваа година ќе биде година на промени. Кој може да знае, Џорџ е млад и гладен за победи, но Луис не се откажува така лесно. Тоа сакаме да го видиме. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ