Херберт: Само Верстапен може да направи судар

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, изјави дека Макс Верстапен е единствениот кој може да предизвика судар кој може да ја одлучи титулата во Абу Даби бидејќи има предност со победи. 

Луис Хамилтон се изедначи со поени на последната трка во Саудиска Арабија, но Верстапен има повеќе победи од Хамилтон и доколку двајцата не ја завршат трката, холанѓанецот ќе си замине со титулата. 

Херберт смета дека Верстапен ја има ситуацијата во свои раце.

Макс изјави дека има предност бидејќи има повеќе победи. Тоа значи дека доколку не ја завршат трката, Макс ќе ја освои титулата. Не би сакал да се одлучи титулата на тој начин, но сепак неговата изјавата е чудна – смета џони.

Херберт даде свое мислење и за сударот на Верстапен и Хамилтон откако холанѓанецот требаше да ја врати позицијата. 

Се сеќавам дека му пратив порака на Дејмон Хил дека тој нагло му закочил. ТОа не се прави доколку си тркач, да бидам искрен. Тоа е најсуровиот начин кој го имаме видено. 

Поранешниот возач смета дека Верстапен нема лимит до каде би одел за да ја освои титулата. 

Доаѓа последната трка и мислам дека Макс кажува колку многу сака да ја освои титулата. Се согласувам со Луис. Иако ми се допаѓа како вози, сепак оди до лимитот и понекогаш претерува. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ