Херберт смета дека константноста е клучна за Ботас да го победи Хамилтон

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, смета дека Валтери Ботас мора да биде многу поконстантен за да конечно стане првак и го победи Луис Хамилтон.

Динецот е колега на шесткратниот првак од почетокот на 2017 година, покажува дел од својата форма, но никојаш не може да биде достоен конкурент во подолг период за Хамилтон. Откако е во Мерцедес, финецот освои 11 пол позиции и седум пати победи на трка.

Секоја сезона ја завршува со дебел заостаток за колегата, а Херберт смета дека константноста е клучна за тоа да се промени.

мислам дека и самиот отворено призна дека константноста е клучна кога се работи за напад на хамилтон и на титулата. видовме колку беше моќен на почетокот од минатата сезона, но како одминуваа трките гуеше сила и тогаш луис го притисна и го мина во поредокот.

валтери треба да достигне ново ниво со константноста доколку сака да го притисне луис, нешто што до сега се нема случено. звучеше позитивно и оптимистички минатата недела и убедуваше дека е физички најдобро подготвен до сега, но мислам дека и ментално е напреднат – смета херберт.

Минатата сезона финецот одлично ја почна, победи два пати на првите пет трки, но потоа неговата форма падна, а луис не попушташе.

ако успее да победи на првата трка, тоа ќе му влее самодоверба, а притисокот ќе биде на страна на луис. потоа треба само да го повтори истиот успех на истата патека.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ