Херберт смета дека Норис и Расел може да го победат Верстапен

Поранешниот Формула 1 возач, Џони Херберт, смета дека Ландо Норис и Џорџ Расел може да го поразат двократниот шампион, Макс Верстапен, доколку сите имаат еднакви болиди на располагање.

Откако во последниот круг од последната трка во 2021 година Верстапен го победи Хамилтон во борбата за насловот, имаше релативно лесна 2022 година кога победи дури 15 пати без вистинска конкуренција.

џорџ се виде дека може да го рпедизвика и притисне луис хамилтон и во иднина ќе биде жесток конкурент на макс верстапен доколку добие вистински болид на располагање за себе. исто така, мислам дека и ландо норис може да биде исто толку добар со вистински болид – смета херберт.

Австриецот доктор Хелмут Марко, своевремено имаше амбиција да го смести младиот Ландо во сестринскиот Торо Росо за 2019 година, но тој одбра да комплетира сезона во Формула 1 пред да напредне до Формула 1.

Првиот човеке на Мекларен, Зек Браун, е убеден дека Ред Бул ќе го земеле Норис од него доколку не биле цврсти во намерата да му дадат да се трка во врвната серија следната 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ