Херберт удри по евтините финти на Марко за Хамилтон

Џони Херберт смета дека изјавата на доктор Хелмут Марко за пензионирањето на Луис Хамилтон нема смисла. 

Марко со потсмев ја даде таа изјава откако Хамилтон беше престасан за цел круг од актуелниот шампион, Макс Верстапен на Имола. Холанѓанецот победи на Емилија Ромања откако претходно не заврши на две трки, додека Хамилтон заврши на 13та позиција. 

Мерцедес се мачат со новите правила и нивниот болид најмногу потскокнува споредено со било кој друг на гридот. Поради тоа, тие губат перформнаси и Хамилтон е на седма позиција кај возачите, а неговите шанси за титулата речиси и да ги нема. 

Евтина финта, типична за Марко и Ред Бул. По се што се случи минатата сезона и борбата која ја имаа возачите и ти мовите, сепак доминацијата беша на Луис Хамилтон и До последната трка тој беше на врвот.

Што ако тие го сакаат во нивниот болид, бидејќи заканата од Мерцедес веќе и ја нема. 

Победите се далеку од Мерцедес, но Херберт смета дека тие може да се засилат при крајот на сезоната. 

Мислам дека имаат шанса на крајот на сезоната. Работат напорно, а особено Луис. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ