Херберт: Фетел не се откажа, Ферари “крена раце“

Џони Херберт, поранешниот Формула 1 возач, смета дека Себастијан Фетел не се откажал од Ферари и притисокот кој го иам во тимот, туку екипата “кренала раце“ од него.

Годинешново првенство кое ќе почне викендов на Ред Бул Ринг ќе биде поселдна сезона која германецот ќе ја одработи за екипата од Маранело откако двете страни потврдија дека нема да го продолжуваат договорот, по што 2020 година може да биде последна сезоан за четирикратниот првак во спортот.

Како можни дестинации за Себ се споменуваа фабричката екипа на Рено како и Рејсинг Поинт кој од следната сезона ќе стане Астон Мартин, но “во игра“ е и пензионирање.

себастијан кој јас го познавам се нема откажано од спортот. кога го водеше тимот ги имаше моќните тифози целосно зад себе, а цела италија го поддржуваше што создаде голем притисок во ферари. тоа не му помогна.

погледнете ја гаражата на мерцедес, луис нема ни приближно толку притисок со кој треба да се носи. но, годинава повеќе нема толку притисок вез себастријан така што се надевам дека ќе биде далеку посеилен.

тој не е четирикратен првак само поради тоа што имал најдобар и најбрз болид, а во пресрет на почетокот на сезоната, никој не може да тврди дека леклер е побрзиот возач на тимот – анализира херберт.

Но, колку што Фетел се ослободи од притисокот кој со себе го носи Ферари, толку истиот е насочен врз Шарл Леклер, младиот возач во кој Ферари има огрона надеж. Скудерија му даде петгодишен договор на возачот од Монако и очекува титули и победи од него, а сезонава ќе биде последна во која Шарл статистички може да стане најмлад првак.

одлична работа во пресрет на оваа сезона е што шарл многу порасна и се разви лани. видовме фантастични битки помеѓу него и макс верстапен во вториот дел од сезоната кога се тркаа еден до друг. тоа донесе нов шарл, многу агресивен шарл кој научи како се игра во формула 1 и стана далеку поагресивен.

Сепак, Херберт е свесен дека во Формула 1 не може ништо без добра екипа.

секако дека ферари треба да му даде можност да победува и да освојува титули. се надевам дека имаат направено темелна анализа и сфатиле каде грешат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ