Хил го предупредува Леклер за критиките кон тимот

Поранешниот Формула 1 првак, Дејмон Хил, смета дека Шарл Леклер мора помалку да ги критикува Ферари. 

Младиот Леклер упати критики кон Ферари по грешката со стратегијата која го чинеше потенцијална победа или подиум во Монако. Моначанецот по трката изјави дека се прават премногу грешки и се прави поголема паника отколку во Ред Бул. 

Мислам дека на Ферари им е јасно и го разбираат проблемот, Но има одреден број на пати колку што може да го критикуваш тимот и подоцна стануваш проблем.

Ферари нема едноставно да се откажат затоа што Тие секогаш сакаат победа. Дали технички или дипломатски, ќе видиме. МИслам дека се во тесно сега. Загубија втора победа по ред и мора да се вратат уште посилно – смета хил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ