Хил изненаден од достоинството на Хамилтон кога губи

Поранешниот Формула 1 првак, Дејмон Хил, изјави дека е горд на Луис Хамилтон со тоа како се справил со губењето на титулата во последната минута во Абу Даби. 

Откако водеше 57 круга, Хамилтон ја загуби трката во последниот круг и на крајот му честиташе на Верстапен за првата титула пред церемонијата на подиумот. 

Луис покажа достоинство во поразот. Мислам дека мора да се прифати поразот и нема друг избор, понекогаш може да сте повредени од тоа, но се покажувате во најдобро светло. Тој ја призна големината на Макс и Макс му возврати дека тој е достоен конкурент. 

Хил оваа ситуација ја спореди со него и Михаел Шумахер во 1994 година во Јапонија кога го задржа Шумахер и победи на мократа патека. 

Михаел не ме сметаше за достоен конкурент, го победив на дождот и мислам дека тој беше импресиониран од тоа. Тој дојде и ми честиташе по трката.

Тоа е големината и наредната година го оставивме тоа зад нас, Но понекогаш има и лоши ситуации како таа со Сена и Прост. 

Хил сметал дека трката можел да ја донесе титулата и на двајцата возачи, само било важно да има фер резултат. 

Двајцата беа победници и титулата можеше да оди или кај едниот или кај другиот. Се зависеше од трката и на крај Макс со софт гуму победи.

Имаше многу реакции бидејќи имаше други очекувања, но борбата беше до последен здив. Одлична завршница на феноменална сезона. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ